Украинците и натаму бесни: „Ни го украдоа настапот на ЕВРО 2024“ (ВИДЕО)

Со ремито без голови во Леверкузен, Италија во директната пресметка се пласираше на ЕВРО 2024 на сметка на Украина која остана без место на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Украинците еден ден по натпреварот и тоа како се лути на судијатаи УЕФА поради спорната одлука во самата завршница од мечот. Во судир меѓу Мудрик и Кристанте се чини дека украинскиот напаѓач беше соборен во шеснаесетникот на Италијанците. Дали беше или не пенал останува дилема, но судискиот тим од Шпанија процени дека нема елементи за најстрога казна.

Поради сето тоа селекторот на Украина, Сергеј Ребров е и тоа како лут до таа мера што смета дека им е украден настапот на ЕП 2024.

„Тоа без било каков сомнеж беше пенал. Но, што ни вреди кога ВАР како да не постои кога би требало да јави за судијата да провери, кога веќе не виде евидентен прекршок за пенал“ – рече Ребров.

Се вчитува...