Упамекано побара помош од оперски пејач!

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, призна дека работи на својот глас со оперска пејачка за подобро да се слуша на теренот. Францускиот репрезентативец ова го откри за весникот „Билд“, прецизирајќи дека имал проблеми да го крене гласот за да го слушнат соиграчите.

„Често имам болки во грлото и немам глас по натпреварите. Затоа побарав помош. Ги подобрив гласните жици со помош на оперски пејач. Заедно пеевме, ме научи како да го вежбам гласот. Сега можам да викам гласно, можам да давам инструкции на теренот“, изјави Упамекано.

Советите на Упамекано би можеле да бидат од витално значење за челниците на Баварците пред  продолжението од Лигата на шампионите, каде Баерн ќе му гостува на Пари Сен Жермен. Упамекано ја пропушти победата над Волфсбург (4-2), но изјави дека ќе биде подготвен за викендот и натпреварот против Бохум, како и за првата средба против ПСЖ на 14. февруари.

Се вчитува...