Уште еден легендарен фудбалер го напушти Манчестер Сити

Пеп Гвардиола го продолжи ремонтот во играчкиот кадар на Манчестер Сити, откако нецели 24 часа по заминувањето на голманот Едерсон, „граѓаните“ се збогуваа од уште една играчка легенда.

Илкај Гундоган повеќе не е член на Манчестер Сити откако денеска го комплетираше трансферот во редовите на Галатасарај. Турскиот гигант уште лани го бараше Гундоган, тогаш германскиот интернационалец при одлуката за заминување од Барса реши да се врати назад во Сити, но не ја доби минутажата што ја посакуваше од Гвардиола.

Откако улогата му беше лимитирана и во текот на подготовките и на стартот од новата сезона, Гундоган побара трансфер, а управата на Сити му излезе во пресрет и ја прифати понудата на Галатасарај.

Илкај Гундоган одигра вкупно 358 натпревари во дресот на Манчестер Сити, притоа постигнувајќи 65 погодоци. Тој освои 14 трофеи како член на „граѓаните“.

Се вчитува...