Уште еднаш – четириминутно уживање: Одбраните на Димитриевски, головите на Пандев и Елмас, недосудениот пенал, промашувањето на Вернер… (ВИДЕО)

Фудблската репрезентација на Македонија со победа од 2-1 во Дуисбург стигна до историски триумф над Германија во првиот меѓусебен меч. Со оваа победа „црвено-жолтите“ ставија крај на фантастичната серијата од 35 натпревари без пораз на Гермарнците, серија која трае цели 20 години во мундијалски квалификации.

Најубавите моменти од натпреварот кој го одбележаа одбраните на Столе Димитриевски, головите на Пандев и Елмас, пеналот на Гундоган, недосудениот пенал за Македонија, како и промашениот обид на Тимо Вернер, уште еднаш низ четириминутно уживање…

Се вчитува...