Валенсија триумфално на гостувањето кај Олимпијакос

Кошаркарите на Валенсија дојдоа до осмиот триумф во Евролигата, откако го совладаа тимот на Олимпијакос на негов терен во Атина со 56-63.

Валенсија лошо го почна мечот, но клучната разлика ја направи во вториот период, кој го доби со 11-21. Во вториот дел Олимпијакос се обиде да стигне, но не успеа.

Вокауп со 13 поени беше најефикасен на средбата, додека Џонс и Јовиќ кај Валенсија со по 12 беа најефикасни кај победничкиот тим.

Се вчитува...