Валон Етеми во извонредна форма: Во стил на расен голгетер нов гол за победа на Истанбулспор (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми игра во извонредна форма на стартот од 2023 година во дресот на Истанбулспор во турската Суперлига.

Етеми веќе и трет едноподруго натпревар постигнува гол за Истанбулспор, ако се вклучи и оној од претходното коло за победа кој дел од турските медиуми го припишуваат и како автогол на противничкиот фудбалер.

Денеска во 23. коло од шампионатот Етеми постигна нов погодок во победата на Истанбулспор од 2-1 против Аланјаспор, кој е десетти гол за македонскиот фудбалер сезонава во најсилната турска лига.

Во последните осум кола во турската Суперлига, Валон Етеми запиша шест погодоци а на сето тоа има и три асистенции.

Истанбулспор со последните победи полека се издвојува од дното на табелата, активно вклучувајќи се во битката за опстанок во Суперлигата.

Се вчитува...