Ванда открива: Интер сакаше да го продаде Икарди во Јуве

Ванда Нара покрена лавина од реакции во италијанската фудбалска јавност откако обелодени дека Интер сериозно ја разгледувал опцијата да го продаде Мауро Икарди во Јувентус. „Нероаѕурите“ во медиумите во неколку наврати посочија дека се пред постигнување на договор за продолжување на соработката, но Нара ги демантираше и овие гласини.

„Сакаат да изгледаат фини, но вистината е дека сакаа да го продадат Мауро во Јувентус. Во Јуве беа подготвени за мега-трансфер, да направат напаѓачки тандем Роналдо – Икарди, но Мауро не сакаше да ги изневери навивачите и ја одби понудта на шампионот. Зборуваат и за нов договор, но и тука се далеку од вистината бидејќи воопшто не сме блиску до наоѓање на заеднички јазик. Наш став е дека Икарди треба да остане во Интер, затоа и ја отфрливме можноста за трансфер во јануари, но смешно ми е што добрата волја се злоупотребува од другата страна“ – истакна Нара, која е сопруга и истовремено како агент се грижи за кариерата на аргентинскиот голгетер.

Реал Мадрид важи за фаворит во трката за Икарди, а Флорентино Перез е подготвен да плати 100 милиони евра за да го доведе овој одличен голгетер на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...