Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва информираше дека исплатил долгови во износ од 300.000 евра кон поранешни фудбалери, функционери и адвокати.
Како што велат од клубот исплатени се долгови меѓу другите и кон Горан Попов и Слободан Мутибариќ. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на ФК Вардар
„Извршниот директор на ФК Вардар на овој начин ја информира заинтересираната јавност дека вчера и денеска се исплатени блокадите на нашата сметката кон:
– Адвокат Марија Спировска 932.360 денари (15.000 евра)
– Горан Митев 6.242.677 денари (100.000 € / сто илјади евра)
– Плант експо 282.760 денари (4.600 €)
– Слободан Мутибариќ 431.735 денари (7.000 €)
– Горан Попов 11.250.000 денари ( 183.000 € )Сумите на “љубов” кон ФК Вардар се огромни, но и решеноста да се справиме со овој криминал, неодговорност и злоупотреба“, стои во соопштението на ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА