Вардар на 201.место на ранкингот на клубовите во Европа

Македонскиот првак Вардар е најдоброрангиран клуб од сите македонски тимови според УЕФА. „Црвено-црните“ се најдоа на 201. позиција на ранкингот на УЕФА, што е резултат на успешните настапи на „црвено-црните“ во Европа минатата есен. Вардар за првпат во историјата успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Евроиа.

Благодарение на учеството во второто по ранг европско натпреварување, Вардар направи скок од 54 места, во однос на сезоната 2016/2017 кога беше рангиран како 255. тим во европски рамки.

Се вчитува...