Вардар раскина со десет фудбалери

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар одлучи да ја раскине соработката со дури десет фудбалери на кои нема да смета следната сезона во походот на враќање во елитата.

Тренерот на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров следната сезона во Втората македонска фудбалска лига нема да смета на Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона. На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери“, стои во соопштението на Вардар. 

Се вчитува...