Вардар со 10 младинци против Силекс: Со Алексовски на голот и со засилувањата Попзлатанов и Цветаноски

Го најавува ли Вардар изгледот на тимот за својата следна сезона!? Така барем, може да се чини составот, за оние кои подобро се запознаени со ситуацијата во клубот, за пресметката против Силекс во 22. коло од ПМФЛ.

Како што одлучи раководството на тимот во текот на вчерашниот ден, поради наводен бојкот на одлуката на ФФМ околу „случајот младинец“ во кој и шампионот се најде „засегнат“, „вардарци“ денеска од 14 часот против Силекс на „Филип Втори“ ќе играат со младински состав.

Тренерот Чедомир Јаневски ќе биде на клупата на тимот чиј капитен ќе биде голманот Игор Алексовски, како највозрасен, а во составот ќе се и зимските засилувања од Пелистер, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски, но и првотимците Бесар Исени и Тодор Тодороски.

 

Иако од клубот претходно најавија дека во младинскиот состав се транспортирани и Дарко Велковски и Филип Стојчевски, сепак тие поради суспензија нема да бидат во составот на Јаневски.

Се вчитува...