Вејн Руни се отвори: „Да не ми беше сопругата 100% ќе умрев!“

Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни се отвори комплетно пред јавноста зборувајќи за сите проблеми, пред се оние со алкохолот, со кои се соочувал во текот на својата кариера.

Признавајќи дека не можел никако да се отргне од алкохолот, Руни на подкастот со поранешниот соиграч Рио Фердинанд истакна дека го спасила само неговата сопруга Колин.

„Колин буквално ми го спаси животот. Откако веќе дојдов до крајна точка, претерувајќи со алкохолот, таа застана комплетно зад мене со сета своја поддршка. Јас тогаш не сакав да видам никого, не можев да зборувам со никого, не сакав да го кажам отворено мојот проблем затоа што не сакав никој да го носи тој товар. Но, Колин не ме остави во ниту еден момент. Постојано беше со мене. Искрено верувам дека ако таа не беше тука со мене јас сигурно ќе бев мртов“ – вели Руни.

Се вчитува...