Веспрем се мачеше на „генералката“ пред Вардар

Унгарскиот првак Веспрем славеше со 30-35 на гостувањето против Ференцварош, во последниот натпревар за тимот на Дејан Манасков во пресрет на неделното гостување во Скопје против Вардар.

Избраниците на Давид Дејвис се мачеа да го скршат отпорот на домашниот тим, Ференцварош водеше цело прво полувреме и на одмор замина со водство од 18-17, но Веспрем сепак во вториот дел успеа да направи пресврт и да ја продолжи победничката серија на домашната сцена. Јахија со шест и Мачковшек со пет погодоци беа најдобри поединеци во таборот на Веспрем на денешниот натпревар.

Унгарскиот гигант моментно е второпласиран во групата Б од Лигата на шампионите со 12 освоени бода, три повеќе од Вардар, кој се наоѓа на шестата позиција.

Се вчитува...