Вест хем го враќа Грацијано Пеле во Премиер – лигата?

Англискиот премиерлигаш Вест хем е на добра пат да го врати во Премиер – лигата италијанскиот напаѓач Грацијано Пеле. Тој во минатото го носеше дресот на Саутемптон во елитната англиска лига, а потоа замина во Кина, каде настапува за Шандонг луненг. Сепак, Пеле посакува да се врати во Европа, а оваа понуда доаѓа можеби во вистинско време за него.

Грацијано Пеле за две сезони во Саутемптон беше стрелец на 30 погодоци, а во Кина постигна 12 гола за 18 месеци во составот на Шандонг луненг. Сега Вест хем е подготвен да му даде нова шанса во Премиер – лигата на 32-годишниот италијански интернационалец.

Се вчитува...