ВИДЕО: Двата гола на Попзлатанов за одважен настап на младите „вардарци“ на „Филип Втори“

И покрај тоа што беа неочекувано втурнати во домашниот прволигашки фудбал, по смешната „бојкот-одлука“ на раководството на клубот, младите вардарови фудбалери одважно настапија попладнево на „Филип Втори“ во поразот од 2-3 од Силекс.

Двата погодоци на Јован Попзлатанов го заокружија чесниот пораз на „вардарци“ кои како „јагниња на колеж“ беа втурнати за помалку од 24 часа на мегдан против колегите-сениори…

Попзлатанов погоди во 2. минута со гол на кој му кумуваше и голманот на Силекс…

А, потоа мајсторски реализираше по акцијата на Антовски од левата страна…

Се вчитува...