ВИДЕО: Мајсторска акција во три потеза – Радески по само 10 минути ја „реши“ Победа

Шкендија брзо дојде до водство по само 10 минути игра во првиот натпревар од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига на дуелот против Победа во Тетово.

„Црвено-црните“ до голот стигнаа во 10. минута преку мајсторската акција во три потеза на Бејтулаи и Алими а која ја круниса Марјан Радески од непоследна близина…


Па, по 30 минути игра во Тетово, Шкендија води со 1-0.

Шкендија на натпреварот игра без капитенот Ферхан Хасан кој е на клупата. Стратегот Ќатип Османи се одлучи да го одмори на овој дуел најдобриот свој фудбалер.

Се вчитува...