Видео: Мбапе не е среќен, дали е ова најава за трансфер

Килијан Мбапе одигра уште еден разочарувачки натпревар за ПСЖ против Анже, пропуштајќи неколку убави шанси да го отвори резултатот пред Курзава конечно да стрела прецизно и да му донесе победа на францускиот првак.

Французинот се наоѓа во очајна форма, има само два гола на последните осум натпревари, но што е уште поважно, делува немотивирано за да се врати во посакуваниот ритам.

Видео-камерите го фатија Мбапе „дремејќи“ на клупата откако беше заменет во 78. минута од синоќешниот дуел, по што повторно се појавија информациите дека тој е подготвен за заминување од ПСЖ. Договорот му истекува во јуни 2022 година и многу извесно е дека летоо ќе го напушти „Паркот на принцовите“, а најзаинтересирани за неговите услуги се Реал Мадрид и Ливерпул.

Се вчитува...