ВИДЕО: Прв гол за Муслиу во дресот на Шкендија, Ибраими повторно утна пенал

Репрезентативецот Висар Муслиу го постигна својот прв гол во дресот на Шкендија, по зимското доаѓање од Вардар, стрелајќи за водство од 3-0 против Победа во дуелот од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Муслиу погоди од непосредна близина во 47. минута по акцијата на Бесарт Ибраими.

Шкендија имаше можност за водство и од 4-0, но Ибраими промаши пенал во 51. минута од средбата. Ова е втор едноподруго не реализиран пенал за Ибраими кој утна од 11 метри и во пресметката со Академија Пандев минатата недела.

Се вчитува...