ВИДЕО: Прва порака на Николов до навивачите на Лече, деби веќе в недела против Емполи

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов утре го очекува официјалната промоција во дресот на италијанскиот второлигаш Лече.

Николов денеска пристигна во Италија каде ги мина лекарските прегледи пред официјалниот потпис со тимот во кој настапува и поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута.

А во очекување на промоцијата, Николов веќе ја испрати првата видео-порака до навивачите на Лече. По потписот веќе в недела (24. јануари) го очекува и дебито за Лече против екипата на Емполи.

Се вчитува...