ВИДЕО: Работнички – како казна за очајните игри на Вардар пролетва!

Шкендија во двата наврати во пролетниот дел од македонската фудбалска сцена, и на првенствениот дуел и на првиот натпревар од четвртфиналето во Купот, беше подобар противник од Вардар. Но, не знаеше како сето тоа да го казни одигрувајќи два пати, 1-1.

Па, очајната игра на Вардар од дуелот со Шкендија во средата, а низ продолжение и во денешното 21. коло, беше казнета од Работнички кој дојде до првата победа пролетва. И тоа против шампионот со 2-1.

„Романтичарите“ до предност од 2-0 дојдоа по само шест минути игра, со головите на Херара во 2. минута и на засилувањето Виктор Ангелов во 6. минута. А, потоа „вардарци“ не умееја цели 90 минути како да дојдат до израмнување, успевајќи единствено во 79. минута со голот на Горан Попов да го ублажат поразот.

Мечот го одбележаа и вербалниот дуел меѓу Блажевски и Божиновски, по кој беше исклучен голманот на Работнички…

Се вчитува...