ВИДЕО: Трајковски стрелец, гол со кој ја спаси Ал Феиха од пораз

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е стрелец за Ал Феиха во шампионатот на Саудиска Арабија, спасувајќи го својот тим од пораз на мечот со Дамак.

Трајковски во игра влезе на стартот од второто полувреме и успеа во 65. минута да постигне погодок кој донесе и конечно реми (1-1) за неговиот тим.

Македонскиот напаѓач убаво се снајде пред противничкиот гол по корнерот од десната страна, стрелајќи за бод на Ал Феиха.

Се вчитува...