Виктор Ангелов ја продолжува кариерата во романски Волунтари

Поранешниот македонски младински репрезентативец Виктор Ангелов ја продолжува својата кариера во романскиот прволигаш Волунтари.

26-годишниот офанзивец се одлучи да го напушти Широки брег од БиХ, по одиграните 12 натпревари и постигнати четири гола изминатава сезона.

Трансферот на Ангелов и официјално го потврдија и од романскиот клуб. Претходно во својата кариера Виктор Ангелов бил дел и од Металург, Работнички, Тетекс, Шкупи, како и унгарски Ујпешт.

#FCV #CasaLiga1 #newplayer

🆕️FC Voluntari a semnat astăzi un contract cu fotbalistul Viktor Angelov , care s-a alăturat…

Posted by FC Voluntari on Четврток, 14 јануари 2021

Се вчитува...