Виландер: Новак е најголем губитник од ситуацијава

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Мац Виландер смета дека прекинувањето на сезоната најмалку му одговара на Новак Ѓоковиќ. Тениската сезона е суспендирана поради пандемијата од коронавирусот, а до моментот на прекин српскиот тенисер веќе имаше освоено три трофеи.

„Ѓоковиќ е најголем губитник во целата работа. Не изгуби ниту еден меч од почетокот на годината и пандемијата го сопре неговиот налет“, изјави Виландер. 

АТП и ВТА се надеваат дека тениската сезона ќе продолжи на 13. јули.

Се вчитува...