Виландер: Новак може да ги освои сите грен-слем турнири сезонава

Поранешниот прв тенисер на светот, Матс Виландер верува дека Новак Ѓоковиќ сезонава може да ги освои сите четири грен-слем титули. Србинот во неделата го освои рекордниот осми Австралија опен, а воедно дојде и до 17. трофеј на најголемите турнири во кариерата.

„Тоа што ја освои Австралија опен веќе го прави прв фаворит на Вимблдон, каде исто така ја брани титулата. Ако го освои Вимблддон тоа ќе му биде грен-слем број 18, потоа и УС опен 19, а можно е да ги освои сите грен-слеми. Би било интересно ако на крајот на годината имаме двајца тенисери со по 20 грен-слема или двајца со 19 грен-слема. Ја отвори вратата за себе и верувам дека може да ги освои сите турнири“, изјави Виландер. 

Новак во кариерата Ролан Гарос го освои само еднаш, на Вимблдон триумфираше пет пати, а на УС опен три пати.

Се вчитува...