Вистинска болница во Дортмунд, на „милионерите“ им се повреди и првиот голман

Во Борусија Дортмунд во моментов се случува вистинска „болница“ откако мака мачат со повредени фудбалери. За малерот да биде поголем, на листата на повредени се приклучи и првиот голман Грегор Кобел, кој заработи повреда на дуелот со Лајпциг. Поради тоа, не отпатува на собир со репрезентацијата на Швајцарија, потврди тимот од Дортмунд, со што Кобел ќе остане на рехабилитација во Дортмунд.

Листата на повредени фудбалери на Борусија е долга. На неа се наоѓаат Гереиро, Мореу, Џан, Дахуд, Халанд, Рејна, Шмелцер, Шулц, Волф.

Вчера Борусија беше поразена од Лајпциг во германскиот шампионат, со што му овозможи на тимот на Баерн Минхен да се одлепи на првото место.

Се вчитува...