Витсел не го продолжи договорот со „милионерите“, се сели во Торино

Еден од главните играчи на Борусија Дортмунд во средината на теренот, Аксел Витсел, може да си замине идното лето. Тој одбива да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд, и најверојатно на лето ќе се пресели во Јувентус.

Витсел пред три години дојде во таборот на Борусија Дортмунд од Кина, а претходно играше за Зенит и за Бенфика. Договорот со „милпионерите“ му е до крајот на сезоната, но се поизвесно е неговото заминување во Серија „А“.

Интерес за Витсел има и клубови од Кина и од САД. Во оваа сезона Витсел одигра 21 натпревар за „милионерите“ во сите натпреварувања.

Се вчитува...