Дали е ова најголемото промашување во историјата на ЛШ? (ВИДЕО)

Данило Сикан, играчот на Шахтјор Донецк уште долго ќе го памети натпреварот со Селтик во Глазгов. Сигурно дека ќе има кошмари после промашувањето кое му се случи. Дури и самите играчи на Шахтјор и на Селтик не можеа да поверуваат на она што се случи.

При 1-1, Мудрик продре по левата страна и додаде до осамениот Сикан кој требаше само да погоди во празната мрежа од 6-7 метри, но наместо тоа топката избега во гол аут.

Неверојатно промашување, кое може да го чини Шахтјор пласман во следната фаза во ЛШ.

Се вчитува...