Во Гостивар изгребан автомобилот на директорот на КК Пелистер

Црна дамка на македонската спортска сцена викендов оставија случувањата во Гостивар, каде на кошаркарскиот меч со Пелистер дојде до долг прекин откако со тврд предмет (пластично шише полно со вода) погоден беше гостинскиот тренер Марјан Илиевски.

По хаосот што настана беа испразнети трибините во салата „Младост“, дуелот беше доигран само со оние петорки кои беа на теренот во моментот на прекинот (сите останати, играчи и тренери беа исклучени поради напуштање на клупите), а инцидентите продолжиле и надвор од арената, каде што изгребан бил автомобилот на директорот на КК Пелистер, Мартин Јовановски.

„Вакви работи не смеат да се случуваат на спортските терени и околу нив. Она на што бевме сведоци во салата е за секоја осуда и вистинско чудо е што освен тренерот Илиевски, кој беше сериозно погоден со тврд предмет, ниту еден играч не беше погоден од арсеналот на најразлични предмети кои неколку минути летаа кон нас. Згора на тоа, по сето она што се случуваше внатре, по завршувањето на мечот забележав дека е значително оштетен и мојот автомобил кој се наоѓаше во близина на салата. За вакви работи не смее да има место во македонскиот спорт“, изјави Јовановски за ЕКИПА.

Се вчитува...