Војна во Баерн: Нојер го крена гласот, директорот Кан веднаш го спушти на земја

Тензично е во таборот на Баерн Минхен откако капитенот Мануел Нојер јавно ја прозва управата поради отказот што неодамна му беше врачен на тренерот на голманите, Тони Тапаловиќ.

Хрватот долги години беше член на стручниот штаб на баварскиот гигант, но од Нагелсман беше посочен како „кртица“ од каде што излегуваат вестите од соблекувалната. Тапаловиќ е близок пријател и кум на Нојер, кој се уште не може да им прости на челниците на клубот за повлечениот потег.

Тоа беше страшен удар за мене, за отказот на Тони ме известија клупските службеници. Дојде како гром од ведро небо, беше големо изненадување и за самиот Тапаловиќ. Се уште не можам да разберам што се случи, тоа е најбруталната работа што ми се случила во кариерата“, изјави Нојер.

Искусниот голман има договор со Баерн само до крајот на сезонава, а клупската управа сериозно размислува дали воопшто да ја продолжи соработката со него. По ваквата изјава на Нојер, веднаш стигна одговор од директорот Оливер Кан, кој го критикуваше капитенот за однесувањето и реакцијата изнесена во јавноста.

„Она што Мануел го кажа за заминувањето на Тапаловиќ не е добро за него како капитен, ниту пак ги претставува вредностите на Баерн како клуб. Покрај тоа, изјавата доаѓа во тотално погрешно време бидејќи може да ја наруши атмосферата во периодот кога пред тимот се неколку исклучително важни натпревари. Нојер лично е погоден, морате да го разберете тоа и ние очекувавме дека ќе биде така кога му ја соопштивме одлуката. И јас минав слична ситуација во 2004 година, кога Сеп Мајер се почувствува предадено од федерацијата и ја напушти германската репрезентација. Бев разочаран и лут, но знаев дека приоритет мора да биде колективот, кој . Тоа ми беше поважно од личните чувства и затоа никогаш не излегов во јавноста да кажам што навистина мислам. Нојер го направи сосема спротивното. Ќе мораме сериозно да разговараме со него за тој потег“, истакна Кан.

Се вчитува...