„Војна“ во ПСЖ – Тухел се „спука“ со директорот Леонардо

ПСЖ влезе во победнички ритам во францускиот шампионат, но Томас Тухел повторно отвори фронт во рамките од францускиот првак. Откако во текот на ланската сезона имаше неколку конфликти со различни фудбалери, Германецот овојпат влезе во „војна“ со директорот Леонардо, жалејќи се отворено поради недостигот на квалитетни засилувања во клубот.

„Погледнете го Ливерпул, кој беше елиминиран во осминафиналето од ЛШ и се засили со Тијаго Алкантара и со уште еден играч од Вулвс. Манчестер Сити донесе неколку дефанзивци, Атлетико Мадрид сега го има Луис Суарез, Интер состави тим подготвен да ги предизвика сите ривали во ЛШ. Ние од друга страна сме пасивни, така што ќе биде многу потешко од лани да се оствари добар резултат во Лигата на Шампионите“, истакна Тухел во најавата за мечот со Анже, што неговиот тим го доби со убедливи 6-1.

Ваквиот коментар очигледно ги навредил челниците на клубот, па веднаш по синоќешниот триумф следеше и одговорот од Леонардо, директорот кој е директно задолжен за трансферите на ПСЖ.

На никого во клубот не му се допаднаа коментарите на Тухел. Не го разбирам и не ми се допадна она што го кажа, но целата ситуација ќе ја решиме внатрешно во клубот. Ако некој не е среќен, може да се седне и да се разговара. Ако реши да остане, Тухел мора да научи да ги прифаќа одлуките на управата“, порача Леонардо.

Се вчитува...