„Волчицата“ го гризна Сасуоло

Рома беше убедлива на „Олимпико“ против Сасуоло и славеше со 3-1, а Торино го совлада Емполи со 3-0. Спал и Удинезе ремизираа без голови, во 18.коло од Серија А.

„Волчицата“ одигра одличен натпревар. Диего Пероти од пенал донесе водство во осмата минута, Патрик Шик зголеми на 2-0 во 23.минута, а Николо Заниоло во вториот дел ја потврди победата. Бабакар во судиското продолжение го постигна единствениот гол за гостите.

Се вчитува...