„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Баерн Минхен го урна рекордот на Реал Мадрид во ЛШ

Баерн Минхен со вчерашниот триумф над Викторија Плзен, ја продолжи фантастичната низа на непоразеност во групната фаза во Лигата на шампионите. „Баварците“ рутински го совладаа чешкиот шампион со 5-0.

Со тоа Баерн ја продолжи низата на непоразеност во ЛШ, која трае 31 натпревар. Тоа е рекорд во Лигата на шампионите, рушејќи го претходниот рекорд на Реал Мадрид кој немаше пораз 30 меча во групната фаза, од 2012 до 2017 година.

Последен пат германскиот тим загуби во 2017 година. Од тој момент тимот на Јулијан Нагелсман има 28 победи и три нерешени средби. Покрај тоа, на сите овие мечеви „Баварците“ постигнуваа барем по еден гол.

Баерн Минхен ќе има шанса да стигне до бројката 32 меча без пораз, со оглед дека следното коло гостува кај Викторија Плзен.

Се вчитува...