„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Халанд е подобар од 98 клуба во историјата на ЛШ

Манчестер сити стигна до нов убедлив триумф сезонава, откако синоќа на домашен терен во натпревар од 3. коло во новото издание во Лигата на шампионите славеше над данскиот Копенхаген со 5-0.

Повторно прво име во таборот на победникот беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола. Со овие два гола Норвежанецот стигна до бројката од 28 на само 22 одиграни мечеви во елитното натпреварување. Халанд има 1.27 голови по натпревар во елитата што е подобро од 98 клуба кои настапувале во Лигата на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...