Манчестер Сити славеше со 3-0 во дебито на 4. коло во Премиерлигата над Манчестер Јунајтед и со тоа го „бутна“ градскиот ривал на 14. место на табелата со само бод повеќе од местата кои водат до релегација.
Ова е најлошиот старт на сезоната за Манчестер Јунајтед уште од сезоната 1992/93 кога Сер Алекс Фергусон го имаше истиот учинок.
Со продолжението на серијата на лоши резултати која започна уште од самото превземање на клубот од страна на Аморим доминира еден податок кој вели дека во ерата на Португалецот, Манчестер Јунајтед освоил само 31 бод на 31 одигран натпревар со гол разлика од -13 што е најлош учинок на еден премиерлигаш по неговата промоција во 12. коло во сезоната 2024/25.
Since MD12 of 2024-25 (Ruben Amorim’s first game in charge of Man Utd), no ever-present Premier League team have performed worse than Manchester United (31 points from 31 games, -13 goal difference). pic.twitter.com/QSpz88PyEG
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) September 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

