ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Нема подобар тим од Борусија Дортмунд во 2023 година

Девет победи по ред има Борусија Дортмунд, после вчерашниот триумф на гостувањето кај Хофенхајм. „Милионерите“ успеаја со победата да се искачат на првото место, и на него ќе бидат до денешниот меч меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин.

Ниту еден тим не е во подобра форма од „жолто-црните“ кои редат победи во 2023 година. Покрај седумте победи во Бундеслигата, имаат и по една победа во Купот на Германија и во Лигата на шампионите.

Воедно, ова е најдолгата низа на победи на Борусија во историјата. Никој досега не успеал да врзе девет победи, па ниту легендарниот Јирген Клоп.

Се вчитува...