Загрижувачка порака на Циципас: Гркот го загуби разумот… (ВИДЕО)

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е во изолација поради пандемијата на коронавирусот, но очигледно не му одговора многу затворениот начин на живот. Тешко го поднесува периодот без тенис, па преку јутјуб испрати и загрижувачка порака.

„Вакви нешта се случуваат кога предолго сте затворени во карантин. Почнувате да зборувата со разно-разни нешта и да го губите здравиот разум. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, се искаравме пред некој ден и само заминав. Уште ги сакам, и сакам понекогаш да ги видам, но стресно е постојано да се биде со нив. Затоа одлучив да бидам сам“ – вели Циципас.

Последниот негов меч беше во Дубаи кога во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ…

„Не знам дури ни што зборувам. Последните денови читав книга, се обидувам да се образувам… Се обидувам и да ја одржам формата, но веќе чувствувам дека се здебелувам. Тоа е тотално тоа, се случува. Нештата не ги расудувам нормално, како да губам разум. Но, следните неколку седмици ќе бидат клучни за мене“ – дополнува Циципас.

Се вчитува...