Залетаната Грузија ќе сака одмазда, но тука се прашува Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија го одработи последниот тренинг пред дуелот со Грузија кој се игра утре во 20:45 часот. Тоа ќе биде трето коло во Лигата на Нации, и најтешкиот предизвик за нашата селекција.

Грузијците доаѓаат во Скопје во добра атмосфера и добра форма. Имаат две победи, а онаа победа од 5-2 над Бугарија во Разград, силно одекна во Европа. Но, Грузија има и уште еден мотив, а тоа е одмаздата по поразот на домашен терен, со кој не успеаја да се пласираат на Европското првенство, а Македонија го направи најголемиот успех.

Но, на домашен терен пред своја публика последниот збор треба да го има Македонија. Внимателно и без потценување и со ладни глави до победа, која ќе биде многу важна во битката за првото место во групата Ц4 во Лигата на Нации.

Момците на Благоја Милевски попладнево ја одработија последната подготовка пред утрешниот меч на кој дефинитивно ќе се оди на три бода од дуелот со „залетаниот“ противник.

Се вчитува...