Замената за Мбапе во ПСЖ доаѓа од Салцбург

ПСЖ веќе се подготвува за „ера без Мбапе“, кој е се поблиску да замине и да се приклучи на Реал Мадрид. Токму од тука раководството веќе бара негова замена, а еден од најсериозните кандидати да го замени е германскиот репрезентативец и член на Салцбург, Карим Адејеми.

19-годишниот германски репрезентативец е интересен и за неколку клубови, меѓу кои Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер и Ливерпул.

Ако се интересираат, парижаните ги става во прв ред, со оглед на фактот дека Ал Келаифи не жали пари за да ги доведе фудбалерите кои ги сака во својот тим, па се најавува понуда од 60 милиони евра. Една од опциите е Адејеми да биде ангажиран уште во јануарскиот преоден рок, со тоа што веднаш би бил вратен во Салцбург како позајмен.

На 11 натпревари во Австрија, Адејеми има 10 голови и 1 асистенција, а веќе стандарно стана дел и од германската репрезентација. Играше и во Скопје на дуелот против Македонија кој заврши со победа на Германија од 0:4.

Се вчитува...