Запата со гол во првата минута го порази Лацио

Аталанта го совлада Лацио со 1-0 во последниот меч од 16.коло во Серија А. Дуван Запата уште во првата минута постигна погодок, а домашниот тим го имаше водството до судиското продолжение. Тогаш Франческо Ачерби постигна гол за израмнување, но беше поништен поради офсајд позиција.

Аталанта ја оствари седмата победа оваа сезона и се наоѓа на шестата позиција на табелата со 24 бода. Лацио има вод повеќе, но и серија од пет меча без победа во италијанскиот шампионат.

Се вчитува...