Засилувањето на Ливерпул вредно 100 милиони: Клоп ништо не го разбирам

Напаѓачот Дарвин Нунез минатата сезона беше сензација во Лигата на шампионите. Погоди против Барселона, Баерн, Ајакс, против Ливерпул два пати во 1/4 финалето, што му донесе трансфер на „Енфилд“. Уругваецот летоска премина во Ливерпул за 75 милиони евра фиксно, но со бонуси сумата може да достигне и 100 милиони евра.

Тие дадоа големо богатство за голгетер кој „експлодира“ само една сезона, но Уругваецот во Ливерпул не е ниту бледа сенка на она што беше во Бенфика. Вчера на натпреварот со Глазгов Ренџерс доби шанса да игра до 80. минута, меѓутоа по мечот ги шокираше навивачите со изјавата околу тоа каков бил планот за играње на Јирген Клоп.

„Искрено, јас не разбирам ништо од тоа што тој го зборува пред натпреварот или на полувремето. Откако ќе заврши, ги прашувам соиграчите што кажал. Но, мислам дека е сосема јасен во она што го зборува и тоа што го бара. Бара да не се плашиме да играме, да бидеме полни со самодоверба, и кога ќе загубиме топка да тргнеме во пресинг. Тоа го бара секогаш“, рече Нуњез.

Се вчитува...