Заслужена награда: Чупо Мотинг потпиша нов договор со Баерн Минхен

Чупо Мотинг денеска и официјално потпиша нов договор со Баерн Минхен откако камерунскиот голгетер максимално ја оправда довербата на управата, не доведувајќи нов голгетер во тимот по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона.

Камерунецот се снајде одлично, досега постигна 15 погодоци на 24 натпревари и се наметна како прва опција во тимот на Јулијан Нагелсман, што беше доволна причина да му биде понуден нов договор со зголемување на платата, што Чупо Мотинг денеска и официјално го потпиша.

„Пресреќни сме што Ерик Чупо Мотинг ќе остане со нас уште една година. Тој е мајстор со топката, се покажа во одлично светло во изминатите години, во првиот дел од сезонава помогна да се пополни дупката на позицијата централен напаѓач. Среќни сме што тој ќе остане дел од Баерн до летото 2024 година“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Се вчитува...