Бадел 1862 го врати лигашкиот трофејот во своите витрини откако славеше во финалната серија против Баскет Кам со 3-1. „Баделки“ ги добија првите два меча, а по неверојатниот трилер во Кислеа Вода во третиот натпревар, со победа на гостувањето во Македонска Каменица стигнаа до шесттата титула во Првата женска кошаркарска лига.
МВП признанието и припадна на Александара Стојановска која имаше фантстичен плеј-оф. Репрезентативката во финалната серија забележа просек од 20.5 поени, 5.5 асистенции, 3.7 скока и 2.2 украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА