Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ќе го одржи ждребот за Светското фудбалско првенство на 1. декември во Кремљ, соопшти денеска руската новинска агенција Итар-ТАСС.
Претседателот на Русија, Владимир Путин им дозволи на челниците на ФИФА да го користат објектот во Москва за церемонијата на Мундијалот што во 2018 година ќе се одржи во оваа држава.Во јули 2015 година беше одржан ждребот за квалификациите за Мундијалот, но во палатата Константин во Санкт Петербург.
Светското првенство ќе започне на 14. јуни идната година на стадионот Лужники во Москва, а еден месец подоцна (15. јули) на истиот стадион ќе биде одигран финалниот натпревар кој ќе го одлучи светскиот фудбалски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА