Женската селекција до 19 години со еден пораз елиминирана во квалификациите

Македонската женска репрезентација до 19 години, со поразот денеска од врсничките на Словенија, е елиминирана од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Минималниот пораз од 0-1, ја лансираше Словенија на првото место на табелата со три победи, додека Македонија се најде на второто место со шест бодови. Меѓутоа во табелата на најдобрите второпласирани, нашата репрезентација е на третото место, и ги загуби сите шанси за пласман во втората рунда, Лига А.

Единствениот гол на денешниот меч го постигна Јанез. Дуелот се одигра во Ново Место, Словенија.

Македонија претходно ги совлада селекциите на Лихтенштајн и на Молдавија, но не успеа да ја надмине и последната пречка.

Се вчитува...