Жиру не се плаши од Челси: Милан е подготвен да покаже дека може да се надигрува со најдобрите во Европа

Вечерва Челси ќе биде домаќин на Милан во рамки на третото коло од Групата Е од Лигата на шампионите. Во пресрет на овој дуел свој коментар даде и Оливие Жиру, кој ќе се соочи со својот поранешен тим.

Французинот очекува неизвесно надигрување во Лондон, потенцирајќи дека тој и неговите соиграчи немаат страв од било кој противник.

„Среќен сум што ќе се вратам на ‘Стемфорд Бриџ’. Имам убави сеќавања од Челси, со кој ја освоив Лигата на шампионите. Милан нема страв, овој тим сака да покаже дека има квалитети да се надигрува со најдобрите во Европа. Очекувам неизвесен меч и се надевам дека фановите ќе ме поздрават. Подготвени сме да играме во фантастична атмосфера“, изјави голгетерот на италијанскиот првак.

„Сините“ имаат неопходна потреба од победа, ако сакаат да останат во игра за следната фаза од натпреварувањето.

Се вчитува...