Жиру со прв гол во дресот на Челси, „сините“ лесно во ФА Купот против Хал

Челси апсолутно лесно се пласираше во шестата рунда натпревари од ФА Купот без поголеми проблеми славејќи со 4-0 против Хал.

Победникот на мечот се насети уште во 2. минута кога Вилијан погоди за 1-0, на асистенција на зимското засилување за „сините“, Французинот Оливие Жиру.

Педро во 27. минута стрелаше за 2-0, а во 32. минута Вилијан го постигна својот втор гол на мечот за водство од 3-0, а повторно на асистенција на Жиру.

И, конечно Жиру во 42. минута и самиот се запиша во листата на стрелците постигнувајќи го првиот гол во дресот на Челси, за конечни 4-0.

Во следната рунда натпревари од ФА Купот се пласираше и Лестер по победата од 1-0 против Шефилд јунајтед. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Џејми Варди со прекрасен удар со глава во 66. минута од натпреварот.

Се вчитува...