Жоао Кансело се враќа во Сити?

Португалецот Жоао Кансело би можел да го напушти Баерн Минхен еден месец откако пристигна на позајмица од Манчестер сити, пишуваат медиумите во Европа. Одличниот дефанзивец наводно не е задоволен од својот статус во тимот на Јулијан Нагелсман, за кого не е прв избор во најважните натпревари.

Така, Кансело не настапи во првиот тим на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, ниту во дербито на Бундес-лигата против Унион Берлин. Во реваншот против парижаните наместо него ќе игра Хрватот Јосип Станишиќ. Кансело не настапи ниту на последниот првенствен натпревар против Штутгарт.

Тој во зимскиот преоден рок пристигна во Баерн на позајмица, а наводно во Сити се скарал со тренерот Пеп Гвардиола, кој исто така го ставил на клупата. Португалецот тоа го демантираше.

Се вчитува...