Зошто Влаховиќ носеше две гајби домати при доаѓањето во Истанбул

Потписот на Душан Влаховиќ за Бешикташ предизвика воодушевување меѓу фановите на турскиот гигант, па бројни новинарски екипи беа присустни при слетувњето на српскиот голгетер на аеродромо во Истанбул.

Таму „уловија“ интересен детал, па покрај куферите со багаж на екс-фудбалерот на Јувентус беа забележани и две гајби со домати што Влаховиќ ги зеде со себе во возилото што го чекаше на аеродромот.

Новинарот Емре Танвиер откри за што всушност станува збор – гест на Влаховиќ кон директорите на Бешикташ кои преговарале со него и кои биле воодушевени од доматите во белградскиот ресторан во кој вечерале.

„Ја дознав позадината од приказната со доматите. Членовите на Бешикташ кои беа во Белград и преговараа со Влаховиќ, се воодушевиле од вкусот на доматите во ресторанот. Душан го забележал тоа, не рекол ништо, но решил да ги изненади носејќи им по една гајба од истиот домат, што го набавил од ресторанот“, обелодени Танвиер.

Се вчитува...