Зовреа страстите во Скопје – Рисовите во пресметка со Грузијците (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација го одигра најлошиот натпревар под водство на Боби Милевски. „Црвено-жолтите“ беа понижени во второто полувреме против репрезентацијата на Грузија која ги надигра буквално во секој сегмент од играта (0-3).

Нервозата во таборот на нашите фудбалери си го направи своето. Енис Барди го удри Квирквелија, по што настана мал инцидент во кој беа вклучени сите актери на теренот.

Сепак, главниот судија на мечот успеаја да ја смири целата ситуација, а со жолт картон завршија само двајцата главни актери Барди и Квирквелија.

Се вчитува...