Зверев стигнал до полуфиналето на Австралија опен заразен со коронавирус!?

Германскиот тенисер Александар Зверев се сомнева дека поголемиот дел од првиот гранслем турнир Австралија Опен оваа година го играл заразен од Ковид-19.

Зверев, погледнувајќи ги сите овие симптоми кои ги појавуваат поголемиот дел од заразените со полесни симптоми, е речиси сигурен дека и тој бил носител на коронавирусот кој го добил играјќи претходно на турнир во Кина на крајот од декември и почетокот на јануари.

„Цел месец имав кашлица, бев и со покачена телесна температира постојано за време на Австралија Опен. Но, тогаш никој не знаеше за коронавирусот и не обрнував внимание. Се сеќавам дека кашлав и по пет-шест часа без прекин, но натпреварите ги играв. Верувам дека, доколку се тестирав, ќе бев позитивен. Но, за среќа се помина добро“ – вели Зверев.

Германецот во Австралија стигна до полуфиналето, во кое загуби од Доминик Тим.

Се вчитува...